Дојде ли крајот на Роналдо во Јувентус? – Португалецот со тупаница и „пцовки“ си заминал од стадионот!

Кристијано Роналдо е тема на денот во Италија по слабата игра и гестовите на мечот против Џенова. Јуве прослави победа, а Кристијано не постигна гол, па тој ја изрази својата фрустрација фрлајќи го дресот.

Откако замина во соблекувалната, Пирло се обиде да го оправда овој гест, со зборовите дека Португалецот го фрлил дресот на детето кое ги собира топките, но медиумите се упорни, Јувентус е жртва на амбициите на Роналдо.

Роналдо е најдобар стрелец на шампионатот, но не успеа да ја исполни мисијата за која беше донесен, освојување на Лигата на шампионите. Фрустриран е, смета дека Јуве нема доволно добар тим, дека не се засилиле, тој често покажува несогласување со соиграчите на теренот и се жали кога топката не оди кон него, па сето тоа остава лош впечаток на теренот.

„Газета“ пишува дека по мечот, Роналдо бил бесен во соблекувалната, дека со тупаница удрил во ѕидот, бил нервозен затоа што Јуве ќе одбележи уште една слаба сезона.

Доколку се потврди дека челниците на „старата дама“ и Роналдо имаат различни ставови и убедувања за политиката на тимот во иднина, тогаш се очекува Португалецот да размислува за следна дестинација и напуштање на Италија.

Се вчитува...