Дојде време за разделба – Роналдо се збогува со соиграчите

Кристијано Роналдо вечерва би требало да отпатува за Манчестер, каде по деталните прегледи ќе потпише договор со англискиот првак Манчестер Сити.

Португалецот инсистираше на заминување од таборот на Јувентус, италијанскиот гигант инсистираше на отштета од околу 30 милиони евра, а откако „граѓаните“ се согласија да испратат ваква понуда веќе е извесно дека Кристијано ќе се врати назад во Премиер-лигата, каде со огромен успех го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Роналдо утрово пристигнал во тренинг-комплексот на Јувентус, Континаса, каде се збогувал од соиграчите. Тој воопшто не учествувал во тренингот под водство на тренерот Алегри, триесетина минути подоцна заминувајќи си од Континаса.

Се вчитува...