Дојдоа новите „газди“ во Њукасл и веднаш го „решија“ Стив Брус

Премиерлигашот доби нови сопственици откако групацијата на принцот на Саудиска Арабија го купи тимот од „Сент џејмс парк“. По доаѓањето на чело на клубот Саудијците му понудиле „џентлеменска“ понуда на актуелниот тренер на клубот, Стив Брус со која веднаш ќе му исплатат 8 милиони фунти за тој да го напушти кормилото на клубот.

Дефинитивно новото сопственишто е решено да направи голем проект од Њукасл нешто во стилот на Манчестер сити, а како најголем фаворит за замена на англискиот стратег се споменува името на Антонио Конте кој во моментов е без ангажман, откако на крајот на минатата сезона го напушти Интер.

 

 

Се вчитува...