Доказ за моќта – Вардар е „тата мата“ за Германци

Гостувањата во Германија вообичаено се најтешки за сите европски гиганти, но не и за Вардар. Најдобар доказ за тоа е скорот од последните неколку сезони, во кои Вардар пет пати гостувал во оваа ракометна земја, а ниту еднаш не заминал со пораз. Единственото реми е она ланското против Рајн-Некар Левен од 21-21, а претходно во ноември 2016 го совлада истиот ривал со 27-33.

Вардар и денеска во голем стил го декласираше Рајн-Некар Левен со резултат 27-30, победа што можеше да биде и поубедлива ако не дојдеше до мало опуштање во завршницата.

Дека не се само „лавовите“ од Манхајм „германски пациенти“ за „вардарци“ ќе се потсетиме и на ланскиот дуел во Кил, на кој Вардар славеше среде Германија со 28-29 и си го визираше патот на фајналфор турнирот во Келн. Една година претходно билетот за Ф4 исто така се вадеше во Германија, и „вардарци“ и тогаш го положија испитот, против Фленсбург славејќи на гостински терен со 24-26.

Се вчитува...