Премиер-лигата е суспендирана поради пандемијата од коронавирусот и е под знак прашалник нејзининото завршување. Доколку се врати шампионатот натпреварите ќе мора да се играат на празни стадиони, а како една од опциите за достапност на сите фанови е и бесплатно гледање на некои од натпреварите.
Главните мечеви ќе бидат емитувани на „Беин спортс“ и „Скај спортс“, а Амазон преговара останатите мечеви од понудата да бидат емитувани на „Јутјуб“ како би биле достапни за фановите во овие тешки денови.
Сличнa ситуација може да се случи и во рагби лигата на оваа земја, која сака да го следи трендот на Премиер-лигата и бесплатно на „Јутјуб“ да емитува дел од натпреварите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА