Енцо Мареска го загуби првиот официјален меч како предводник на Манчестер Сити, и тоа убедливо од Арсенал, а неколку дена по тој неуспех наследникот на Пеп Гвардиола се соочува со нов проблем.
Џереми Доку ќе мора да го пропушти стартот на новата премиерлигашка сезон откако белгискиот интернационалец заработи незгодна повреда на мускул на ногата на Черити-шилд дуелот со Арсенал. Доку мораше да биде заменет, а лекарите по деталните прегледи препорачале мирување, најавувајќи дека ова е проблем што може да се повторува ако не биде саниран целосно.
Доку дефиннитивно ќе го пропушти дуелот од првото коло со Борнмут, а огромни се шансите дека ќе паузира и на следните два меча, со Кристал Палас и Ковентри.
Англиските медиуми најавуваат дека оваа повреда на Белгиецот ќе ја искомпликува продажбата на Савињо, кој е веќе договорен со Тотенхем, но Мареска ќе го одолговлечи овој трансфер додека не види колку ќе изнесува паузата на Доку од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
