Докузовски: Немаме доволно голем ростер за да играме на секои два дена

Искусниот стратег и кормилар на Работнички, Марин Докузовски пред се им го честиташе пласманот во финалето на Карпош соколи. Гостите добија пофални зборови од поранешниот селектор на Македонија за целокупната игра во плеј-офот, во која тие победија со 3-0 во полуфиналната серија. Докузовски истакна дека неговите играчи се бореа со сите сили на сите три меча, го даваа својот максимум, но сепак една од главните причини за елиминацијата на Работнички смета дека е малиот фонд на играчи, па мораше да се потпре на искуството во тимот.

„Им честитам на Соколи за сите три натпревари и пласманот и им посакувам среќа во финалната серија. Што се однесува до нас, ние одигравме борбено до крајот, дававме отпор колку што можевме, им честитам на моите играчи за тоа. Но, на крајот главен фактор за оваа елиминација е малиот фонт на играчи, што ни беше проблем со оглед на тоа дека игравме на секои два дена. Соколи располагаат со повеќе квалитетни играчи на клупата, кои ја извршуваа својата работа. За судењето не сакам да коментирам, сe’ ми стана јасно по првиот натпревар, меѓутоа серијата заврши и тоа е тоа“ – изјави Докузовски по натпреварот.

Се вчитува...