Докузовски: Немаше потреба да се расипе овој натпревар…

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски, не го криеше разочарувањето од судиската одлука за прекин на дуелот со Карпош соколи, од кој последната четвртина ќе мора да се доигра утре.

Во Македонија после долго време се случи да има интерес за некој натпревар. Мислам дека немаше потреба да се расипе овој натпревар, судиите многу придонесоа да дојде до овој прекин, немаше потреба од ваква реакција. Не знам, сум водел многу натпревари, многу дерби со МЗТ, потешки средби со многу повеќе публика и мислам дека денеска судиите престрого ја донесоа својата одлука. Останаа уште десет минути, атмосферата не беше драматично вжештена, според мене мечот можеше без никаков проблем да продолжи, но сепак, тие се судии и тие одлучуваат“ – изјави Марин Докузовски веднаш по прекинот во „Градски парк“.

Последните десет минути од првиот полуфинален натпревар меѓу Работнички и Карпош соколи ќе се доиграат утре во 19 часот, без присуство на навивачи во салата „Градски парк“. Резултатот по три четвртини гласи 60-67 за тимот на Карпош соколи.

Се вчитува...