Прволигашките тренери ги отвораат картите пред стартот на новата сезона во МТЕЛ Суперлигата, закажан за претстојниот викенд…
Новата кошаркарска сезона во Македонија започнува овој викенд. Возбудата се враќа на терените, а притисокот веќе се чувствува на тренерските клупи. Како поминаа подготовките, каква лига не очекува и колку е важен првиот чекор? Пред големиот старт, ги соочивме тренерите од МТЕЛ Суперлигата со три клучни прашања.
1. Колку сте задоволни од сработеното во подготвителниот период и дали тимот ја дочекува премиерата на новата натпреварувачка сезона во посакуваната физичка и тактичка форма?
2. Со оглед на засилувањата во сите клубови, каква Суперлига лига очекувате оваа сезона и каде ја гледате предноста на вашиот тим во однос на директните ривали?
3. Колку е важна победата во премиерното коло од психолошки аспект и каква порака сакате Вашата екипа да испрати до јавноста и навивачите со првиот сезонски настап?
Еве ги нивните очекувања:
МАРИН ДОКУЗОВСКИ (ШЕФ НА СТРУЧЕН ШТАБ НА МКК КУМАНОВО)
1. „Задоволни сме од сработеното. Напорно трениравме и добро се подготвивме физички и тактички. Имаме уште простор за напредок, но стартот го дочекуваме подготвени“.
2. „Очекувам силна и израмнета Супер лига. Повеќето екипи направија квалитетни ростери. Нашата предност ја гледам во тимската игра, дисциплината, карактерот и борбеноста“
3.„Победата на стартот е многу важна за самодовербата. Сакаме од првиот натпревар да покажеме енергија, карактер и дисциплина. Пораката до навивачите е јасна: ќе се бориме на секој натпревар и ќе дадеме максимум за нашиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
