Доминација на Далас, Клиперс и на Милвоки во ноќта на Каваи Ленард (ВИДЕО)

Каваи Ленард ја обележа рундата во НБА лигата постигнувајќи највисоки сезонава 43 поени во победата на Лос Анџелес Клиперс над Кливленд од 128-103. Тој одигра три четвртини и стана првиот кошаркар на оваа франшиза кој успеал да постигне 40 плус поени за помалку од 30 минути и само третиот во НБА лигата во ерата на органичено време за напад по Клеј Томпсон и по Кемба Вокер што постигнал 43 или повеќе поени за помалку од 29 минути. За „клиперс“ ова е 28. победа сезонава, имаат и 13 порази и се на четвртото место на Запад.

Хјустон го забележа 13. пораз сезонава, загуби од од Мемфис со 121 -110. Попусто беше тоа што Џејмс Харден постигна 41 поен. Џа Морант со 26 поени го предводеше Мемфис до успехот, Морис му помогна со 24 поени. Хјустон е петтопласиран во Западната конференција, покрај 13-те порази има и 26 победи. Мемфис дојде до 19. победа. И натаму е  со негативен биланс, има 22 порази и е на последната плеј-оф позиција на Запад,

Далас и Милвоки остварија лесни победи. Тимот на Лука Дончиќ кој постигна 20 поени и беше втор стрелец зад Морис кој заврши со поен повеќе, славеше над Голден стејт со 97-124. 25-15 е скорот на Далас во моментов, доволен за седмата позиција во Западната конференција. Голден Стејт сезонава е бледа сенка на шампионската ера и е на последното место во конференцијата со скор 9-33.

Милвоки продолжува со триумфалната серија, дојде до 36. победа сезонава триумфирајќи над Њујорк со 128-102. Антетокумпо постигна 37 поени. Милвоки е најуспешен тим во лигата, има само шест порази. Подобар е од лидерот на Запад, Лос Анџелес Лејкерс, за три победи повеќе и пораз помалку.

Се вчитува...