Доминација на Мерцедес на квалификациите за ГН на Шпанија

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата на петта трка сезонава во Формула 1 шампионатот, која се вози за Големата награда на Шпанија.

Финецот трет пат по ред беше најдобар во квалификациите, а вкупно десеети пат во кариерата. Ботас до пол-позицијата стигна со време од 1:15.406 илјадитинки, што беше за пола секунда побрзо од клупскиот колега, Британецот Луис Хамилтон. Од вториот ред ќе стартуваат Германецот во болидот на Ферари, Себастијан Фетел и Макс Верстапен од Ред Бул.

Во топ 10 уште се најдоа и Пјер Гасли од Ред Бул, Роман Грожан и Кевин Магнусен од Хас, Даниел Квјат од Торо Росо, Даниел Рикардо од Рено и Шарл Леклерк од Ферари.

Трката за големата награда на Шпанија е закажана за утре во 15:10 часот.

Се вчитува...