Доминација на Мерцедес на Силверстоун, триумф на Хамилтон

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун.

Во извонредна трка со многу возбудувања од самиот старт, Хамилтон иако стартуваше од втората позиција многу брзо успеа да избие на чело пред клупскиот колега Валтери Ботас и до крајот да ја зачува предноста. Токму Ботас на крајот заврши на второто место.

Но, доминантната победа на возачите на Мерцедес мина во сенка на жестоката битка на патеката на Ферари и Ред Бул. На крајот Леклерк од Ферари заврши на третото место, а веднаш зад него и двајцата возачи на Ред Бул, Гасли и Верстапен. Во Топ 10 завршија уште и Саинц, Рикиардо, Раиконен, Квјат и Хулкенберг.

Себастијан Фетел заврши на 15. место поради инцидентот со Верстапен во 38-от круг по кој мораше да помине во боксот и потоа остана со еден круг заостанување зад водечките и дополнителна казна од десет секунди.

Се вчитува...