Доминација на Шкупи и водство од 2-0 на полувремето (ВИДЕО)

Шкупи има одлични 2-0 на полувремето во дуелот со Линколн од Гибралтар, во рамките од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Отпорот на гостите траеше само 11. минути откако Куевен се „прошета“ на работ на шеснаесетникот, мина тројца играчи и убаво погоди во долниот лев аголот од голот на Линколн.

На 2-0 зголеми Адетунџи. Нигериецот со убав шут од дваесетина метри од десната страна го „матираше“ Колинг за удвојување на водството на македонскиот шампион.

Покрај двата гола, Шкупи се закани и преку Адетунџи и Хамиди. Линколн имаше само една шанса по првиот дел кога шутираше Нано, а Наумовски одлично одбрани во корнер.

Се вчитува...