Доминик Калверт-Луин за силен Арсенал

Арсенал ги надмина проблемите од почетокот на сезоната и со одлична игра во продолженеито успеа да стигне до 10 победа во Премиерлигата за искачување на четвртата позиција на табелата. „Топџиите“ кои имаат еден од најмладите тимови во англиската елита во зимскиот преоден рок ќе целат на ангажман на нов млад играч во нападот, а како потенцијален трансфер се споменува Доминик Калверт-Луин.

Дваесетичетиригодишниот фудбалер на Евертон поради повреда одигра само три натпревари во новата сезона за „карамелите“, а во пресрет враќање на терените може да го облече „црвено-белиот“ дрес. Арсенал во голгетерот гледа замена за Обамејанг кој е пред излезните врати на „Етихад“, но ќе мора да исплати голема сума за неговите услугите.

Договорот на Калверт-Луин со Евертон е со важност до 2025 година, а трансфермаркт го проценува на 45 милиони евра. Доколку не дојде до овој трансфер како опција за „топџиите“ се јавуваат Србинот Душан Влаховиќ и Англичанецот Оли Воткинс.

Се вчитува...