Донарума херој во пенал серијата, ПСЖ во 1/4 финалето во ЛШ (ВИДЕО)

ПСЖ е четвртиот патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако го совлада одличниот Ливерпул по изведувањето на пеналите. Донарума е херојот на „Светците“, или Нуњез и Џонс трагичари во пенал серијата. Така Ливерпул останува без еден трофеј сезонава, оној во Лигата на шампионите.

Во регуларниот дел на средбата, ПСЖ победи со 1-0, и со тоа го повтори резултатот од првиот меч во Париз, кога триумфираше Ливерпул со истиот резултат. Стрелец на голот беше Дембеле во 12. минута од средбата.

До крајот на натпреварот немаше промени, и покрај тоа што и двата тима имаа многу шанси. ПСЖ беше подобар после голот, и можеше да дојде до поубедливо водство, а во вториот дел Ливерпул доминираше со шансите, погоди и статива, но не успеа да дојде до израмнување.

Во продолженијата, ПСЖ беше подобар тим, имаше неколку обиди и неколку шанси, но не успеа да дојде до потребната победа од два разлика, па се премина кон изведување на пенали.

Во првата пенал серија Витиња од ПСЖ беше прецизен, иако Алисон беше блиску да му одбрани. Салах беше крајно сигурен за израмнување. Рамош донесе 2-1, а Донарума го одбрани ударот на Дарвин Нуњез. Третата серија ја отвори Дембеле со многу прецизен удар, а Донарума му го брани ударот и на Куртис Џонс. Едуе погоди во четвртата серија и го пласираше ПСЖ во 1/4 финиалето.

ПСЖ во 1/4 финалето ќе го чека подобриот од дуелот Астон Вила – Бриж. После првиот меч, англискиот тим има предност од 3-1.

Се вчитува...