Донарума дециден: Не помислувам да го напуштам Милан!

Супер-талентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума потврди дека нема да ја менува средината во блиска иднина, вели дека има само една желба,  а тоа е да остане во Милан. 18-годишниот чувар на мрежата стави крај на шпекулациите околу неговата иднина,  кои во главно кренаа „прашина“ поради клаузулата во неговиот договор, според која може да го напушти клубот доколку не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Момците на Монтела не успеаа да обезбедат пласман во најелитно европско клубско натпреварување, па така големи беа шансите да останат без наследникот на Буфон, но Донарума инсистира дека тој ќе остане прв избор на Милан меѓу диреците.

„Сите знаат која е мојата желба, јас сакам да останам во Милан. Моментално барам нов дом во овој преубав град, јас и мојата фамилија сме среќни тука. Одлуката е јасна, и двете страни го знаат мојот конечен одговор. Раиола знае колку ми значат боите на овој дрес што го носам гордо на секој натпревар, знае колкава е мојата љубов кон клубот. Јас во ниту еден момент не помислив да го напуштам Милан“ – истакна Донарума.

За неговите услуги се интересираа најголемите. Реал Мадрид беше прв на листата, секако во игра беа и двата клубови од Манчестер, но Сити го доведе Едерсон, а Јунајтед се уште го има Де Хеа. Реал Мадрид е во дилема дали да го задржи Навас, или од ново да тргне по шпанскиот голмат на „ѓаволите“, но ако го насочат интересот кон Италијанецот, Милан ќе биде немоќен во обидот да го задржи, бидејќи ретко кој го одбил Реал.

Младиот голман ја прокоментира соработката со неговиот идол, Џиџи Буфон, кој ќе му го отстапи местото пред голот на „Аѕурите“ по завршувањето на СП во Русија во 2018 година.

„Буфон е легенда, сите го сакаат. Се уште не ми се верува дека учам од најдобриот, но кога сме на тренинг се трудам да бидам подобар од него, иако е речиси невозможно. Што и да направам, неговото искуство ме победува, но благодарение на него и јас ќе го имам истото еден ден“ – додаде Донарума.

Се вчитува...