Донарума оптимист пред Македонија: Ќе играме на Мундијалот во Катар!

Италијанската голманска ѕвезда Џиџо Донарума, чуварот на мрежата на француски Пари Сен Жермен самоуверено најави дека Италија ќе игра на Мундијалот во Катар догодина, иако „аѕурите“ се најдоа во неизвесен плејоф „фајнлфор“, па во полуфинале играат со Македонија, а во евентуалното финале ги чека Португалија или Турција.

Италија летово стана европски првак, а еден од хероите на „аѕурите“ за втората европска круна, прва по 55 години беше толку Донарума, кој фати три пенали во завршницата, еден со Шпанија во полуфиналето и два против Англија во финалето. Но, „аѕурите“ во квалификациите потфрлија, па сега ќе мора да се мачат за пласман на СП догодина, а последниот Мундијал го пропуштија откако Шведска им нанесе национална катастрофа во минатиот мундијаслки циклус.

„Не успеавме да се пласираме директно и ако го бараме проблемот, после европската титула, нормално е сите против нас да играат со 120 отсто од силите. И можеби ние заслуживме да победиме во давата меча со Швајцарија, ама не успеавме во тоа, но сега нема поента да се навраќаме на тоа што било. Било, па поминало и треба да гледаме напред. Но, ќе играме на Светското првенство. Само да ги наполниме батериите и во баражите да го покажеме најдоброто од нас, со помош на селекторот, стручниот штаб и оваа група на фудбалери, нормално и со поодршка од цела Италија“, вели Донарума.

Италијанскиот голман беше избран за најдобар голман на последната гала-церемонија на доделувањето на „златната топка“ во Париз во изборот на „Франс Фудбал“, добивајќи ја наградата Јашин.

Се вчитува...