Донарума само навлекува гневови: Ладнокрвно откачи и момче за автограм… (видео)

Очигледно Џанлуиџи Донарума не успева да ги освои симпатиите на италијанските фудбалски фанови, ниту пак на оние ширум светот.

Младата италијанска ѕвезда се најде во немилост на навивачите на Милан поради одбивањето да го продолжи договорот со клубот. Добиваше закани по социјалните мрежи, доби и невкусни транспаренти по Милано, беа фрлани и долари кон на дуелите на италијанската селекција до 21 година во Полска…

Гласините велат дека Донарума се чувстувал депресивно по сите тие напади од страна на навивачите, но се чини дека младиот наследник на Буфон сепак не ја научил се уште лекцијата за однос кон фановите.

По триумфот на Италија над Германија од 1-0 на ЕП во Полска, кон Донарума притрча момче со желба за автограм, но италијанскиот голман само ладно помина покрај него, навлекувајќи уште еден гнев од неутралните љубители на фудбалот…

Се вчитува...