Дончиќ буквално си поигра со Стеф Кари и Вориорс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра неверојатна партиај за Далас Маверикс во победата на тимот од Тексас на гостувањето во Сан Франциско кај Голден Стејт Вориорс од 103-133.

Словенецот го заврши натпреварот со 39 поени, надополнети со осум асистенции и шест скока. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Стеф Кари.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Бостон – Оклахома 115-119, Шарлот – Милвоки 104-114, Индијана – Портланд 112-133, Торонто – Бруклин 103-116 и Хјустон – Минесота 117-104.

Се вчитува...