Дончиќ добива помош во борбата за титула

Лука Дончиќ и Маверикс беа едно од најдобрите изненадувања на „балонот“ во Орландо. Тимот од Далас стигна до конференциското четвртфинале каде се сретна со Клиперс, имаа и шанси да го добијат првиот натпревар, но во продолжетокот беа ослабени со отсуството на Криштапс Порзингис. Лука Дончиќ блеска на паркетот, но за титула мора да добие уште едно засилување.

Тимот од Тексас бара ѕвезда за големо трио, но може да се задоволи и со играч кој креира за соиграчите, и може да одлучи во последните моменти. На оваа листа се наоѓаат Зек Лавин – лидерот на Чикаго, Виктор Оладипо – кој не е задоволен во Индијана и Спенсер Динвиди – чие место во Нетс е под знак прашалник за престојната сезона.

Било кој од овие играчи би донел свежина во играта на Далас, но истите ќе мораат и да ја прилагодат својата игра кон стилот на Дончиќ и Порзингис, кои остануваат првите ѕвезди во овој тим.

Се вчитува...