Дончиќ добива суперѕвезда за соиграч во ЛА Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс се на добар пат да стигнат до потпис со Дамиен Лилард, американската кошаркарска суперѕвезда која неочекувано стана слободен агент по отказот во Милвоки Бакс.

Со цел да направат место во „сејлелри-кепот“ за ангажман на Мајлс Тарнер, Милвоки се откажа од услугите и големите примања на Лилард добивјаќи шанса да го исплаќа неговиот договор вреден 112 милиони долари на повеќе рати.

Сега Лилард е слободен да ја бира новата средина со можност да потпише минимален договор и да продолжи да ја добива финансиската надомест која му следи од Милвоки. Лос Анџелес се јавува како најатрактивна дестинација, но за негов ангажман се заинтересирани и Голден Стејт и Бостон.

Лилард во текот на сезоната бележеше просек од 25.1 поен, 6.7 асистенции и 4.5 скокови по натпревар, но ја заврши прерано поради прво, дијагностицирана длабока венска тромбоза на мускулот на потколеницата, а потоа и поради повреда на ахиловата тетива.

Очекувања се дека Лилард ќе пропушти добар дел од сезоната 2025/26, но со оптимизам дека ќе биде дел од завршницата на сезоната и плеј-офот.

Се вчитува...