Дончиќ донесе предност за Далас, Бостон го „збриша“ Бруклин, Торонто не се предава

Кошаркарите на Јута имаа очајна вечер на гостувањето кај Далас, и загубија 102-77, со што Маверикс поведоа со 3-2 во серијата. Ниту Далас не делуваше премногу разигран во првата чевртина, но потоа се консолидираа и само ја зголемуваа својата предност. Во третиот период експлодираше Лука Дончиќ и го реши победникот, а последната четвртина беше само формалност.

Во две минути во третата четвртина, одличниот Словенец погоди две тројки, а потоа погоди и две слободни фрлања, и имаше серија од 11 поени со уште една тројка. Во тој период, Дончиќ постигна 19 од своите 33 поени. Имаше и 13 скока и пет асистенции.

Својата немоќ и нервоза, кошаркарите на Јута ја отсликаа преку Хасан Вајтсајд кој грубо го „приземји“ Дончиќ, во обидот да ја абие топката, со што настана мешаница на теренот. Шестиот натпревар на распоред е четврток кон петок во Солт Лејк Сити.

Кошаркарите на Бостон први изборија место во вториот круг во НБА плеј-офот. Во четвртиот натпревар го победија Бруклин во Њујорк со 116-112, и така ја остварија четвртата победа. Бостон веќе во првта четвртина имаа двоцифрена предност, а најголемата беше на крајот од третата четвртина од 15 поени. Нетси успеаја да се вратат и да дојдат до неизвесна завршница, но Селтикс со повеќе нерви и повеќе прецизни шутеви успа да го збрише противникот.

Селтикси ќе го чекаа подобриот од дуелот Милвоки – Чикаго.

Кошаркарите на Торонто и натаму се во игра откако славеа 103-88 на гостувањето кај Филаделфија во петиот натпревар, и така го намалија резултатот на 3-2, откако Сиксерс триумфираа во првите три меча. Филаделфија пропушти шанса пред своите навивачи да избори место во следната рунда, но домашниот тим одеше само на почетокот, а потоа се беше во знакот на Торонто.

Торонто повторно беше предводен од Паскал Сиакам кој даде 23 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Јута 102-77 (3-2)

Бруклин – Бостон 112-116 (0-4)

Филаделфија – Торонто 88-103 (3-2)

Се вчитува...