Дончиќ е „Господин трибл-дабл“ – Лука е во „Топ 10“ во историјата на НБА-лигата

Лука Дончиќ имаше свое шоу на дуелот против Атланта, помагајќи му на Далас да стигне до значајна победа. Иако се соочи со проблеми со личните грешки, Словенецот успеа да стигне до трипл дабл од 18 поени, 10 скокови и 11 асистенции.

Со тоа, Дончиќ влезе во елитно друштво, меѓу десетте играчи со најмногу трипл-дабл изданија во историјата на НБА-лигата. Ѕвездата на Далас со денешното издание има 45 вакви средби, оставајќи го зад себе Левер на 11. позиција.

Следен на листата кого Дончиќ ќе го мине е легендарниот Лери Бирд, кој има 15 трипл-дабл натпревари повеќе од суперталентираниот Словенец. Убедливо прв на врвот на листата на играчи со најмногу трипл-дабл средби е Расел Вестбрук, дури 193.

Се вчитува...