Дончиќ е “луд” човек – Епска партија против редовниот муштерија Клиперс (ВИДЕО)

Далас Маверикс поведе со 1-0 во плеј-оф серијата против ЛА Клиперс откако во „Стејплс центарот“ славеше со 103-113.

Нормално прво име во победничкиот табор беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок со 31 поен, 11 асистенции и 10 скока. Добра партија кај Мавс имаше и Тим Хардвеј Џуниор кој уфрли 21 поен.

Кај поразените Каваја Ленард со 26 поени беше прво име, додека Пол Џорџ уфрли 23.

Во останатите два меча од синоќешната понуда Бруклин Нетс – Бостон 104-93 и Денвер Нагетс – Портланд Треилблејзерс 109-123.

Се вчитува...