Дончиќ и Далас фуриозно го совладаа Феникс и обезбедија финале во Западната конференција (ВИДЕО)

НБА лигата полека но сигурно го доживува расплетот за оваа сезона. Далас и одличниот Лука Дончиќ успеаа да обезбедат голема победа над Феникс од 123-90 во „мајсторката“ од полуфиналето на Западната конференција.

Кошаркарите на Далас одиграа одличен натпревар, уште на самиот покажаа целосна доминација, успевајќи целосно да ги неутрализираат домаќините во првиот, вториот и третиот период.

Дончиќ буквално го растури противникот, па својот тим го однесе во големото конференциско финале. Противник за Словенецот и неговите соиграчи ќе биде тимот на Голден Стејт.

Прво име во победничкиот табор беше Лука Дончиќ кој постигна 35 поени, додека кај поразените „бледо“ се истакна Камерон Џонсон со скромни 12 поени.

 

Се вчитува...