Далас Маверикс израмни на 2-2 во полуфиналната серија во Западната конференција, против Феникс Санс откако вечерва славеше на домашен терен со 111-101.
Доријан Фини Смит ја имаше партијата на кариерата, завршувајќи го натпреварот со 24 поени со шут за три 8 од 12. Кај поразените недоволни беа 35 поени на Девин Букер.
Серијата сега се враќа повторно во Аризона каде Феникс ќе биде домаќин во петтиот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА