Дончиќ и Далас „прегазени“ во Феникс, Мајами ја врати предноста со Филаделфија (ВИДЕО)

Феникс Санс поведе со 3-2 во полуфиналната серија во Западната конеференција против Далас Маверикс, откако синоќа на домашен терен славеше со убедливи 110-80.

Девин Армани Букер со 28 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Лука Дончиќ.

До водство од 3-2 во полуфиналето, но во источната конференција стигна Мајами Хит кој славеше на домашен терен над Филаделфија со 120-85. Џими Батлер со 23 поени беше најефикасен во таборот на тимот од Флорида, додека кај поразените Џоел Ембид заврши со 17 поени.

 

Се вчитува...