Дончиќ и Далас „заспаа“ во последната четвртина, Голден Стејт шокиран на домашен терен

Лука Дончиќ и Далас не успеаја да го земат скалпот на најдобриот тим во лигата, откако загубија на домашен терен од Феникс со 101-109. Пресудна се покажа последната четвртина што Далас ја „преспа“, губејќи ја со убедливи 19-35, што на крајот се покажа клучно за конечниот исход на мечот. Дончиќ го заврши мечот со 28 поени, но и слаб шут од поле (9/23), надополнети со осум скока и осум асистенции. Најефикасни во таборот на Феникс беа Букер со 28 и Крис Пол со 20 поени и 11 асистенции.

Голден Стејт беше изненаден на домашен терен, губејќи по продолжение од Индијана со 117-121. Изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека гостите настапија без Сабонис, Тарнер, Брогдон и Лаверт, но и со така ослабен состав најпрвин успеаја да се изборат за продолжение со тројката на Џастин Холидеј, а потоа во дополнителните пет минути да стигнат и до победа. Клучен фактор во победата беше поранешниот кошаркар на Олимпија Милано и на Панатинаикос, Кифер Сајкс, кој постигна пет важни поени во продолжението.

Њујорк го претрпе и третиот пораз во низа, овојпат пред своите гледачи од Њу Орлеанс со 91-102. Во главна улога на овој натпревар беше литванскиот центар Валанциунас, кој со дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови даде придонес во победата на својот тим.

Резултати: Далас – Феникс 101-109, Њујорк – Њу Орлеанс 91-102, Голден Стејт – Индијана 117-121 (по прод.).

Се вчитува...