Дончиќ и Ирвинг не можат да победат заедно, нова феноменална партија на Јокиќ (ВИДЕО)

И втор натпревар како изграат заедно Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг не можат да му донесат победа на нивниот Далас Маверикс, откако тимот од Тексас загуби на домашен терен од Минесота Тимбервулвс со 121-124.

36 поени на Кајри Ирвинг и 33 поени на Лука Дончиќ не беа доволни за победа на Мавс, додека кај победникот Ентони Едвардс заврши со 32 поени.

Никола Јокиќ одигра ново неверојатна партија во дресот на Денвер Нагетс во победата над Мајами Хит на гостувањето на Флорида со 108-112. Србинот натпреварот го заврши со 27 поени, надополнети со 12 скока и осум асистенции.

 

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Атланта 144-138, Кливленд – Сан Антонио 117-109, Индијана – Јута 117-123, Филаделфија – Хјустон 123-104, Њујорк – Бруклин 124-106, Чикаго – Орландо 91-100, Оклахома – Њу Орлеанс 100-103, Голден Стејт – Вашингтон 135-126 и ЛА Лејкерс – Портланд 127-115.

Се вчитува...