Дончиќ и покрај новата блескава партија: Овој пораз е поради мене

Лука Дончиќ и Далас претрпеа пораз од 114-120 по продолженија од Оклахома и покрај блескавата партија на Словнецот кој натпреварот го заврши со 40 поени, 10 асистенции и 6 скока.

Дваесетидвегодишникот прво имаше пропуст во одбрната при последниот напад од регуларниот дел на гостите, за потоа да го промаши и последниот обид за неговиот тим.

По натпреварот словенскиот репрезентативец не го криеше незадоволството од дуелот и одговорноста за поразот го препишам сам на себе.

„Ова е мој пораз. Донесов две глупави одлуки во последните два напада, не требаше тоа да се случи. Ова беше мојата најлоша партија во одбрана оваа сезона и вината е само моја“, изјави Дончиќ.

По 52 одиграни натпревари Далас се наоѓа на 5. место во Западната конференција со 29 победи и 23 порази.

Се вчитува...