Дончиќ и Словенија ја решија Германија за полуфинале на ЛОИ

Лука Дончиќ и Словенија продолжуваат со убедливите партии на Летните олимписки игри во Токио, откако во четвртфиналето славеа над Германија со 94-70.

Словенците фуриозно го стартуваа мечот и по само една четвртина имаа предност од плус единаесет 25-14. Германците заиграа подобро во втората четвртина и на полувреме заминаа со негатива од 44-37.

Во вториот дел Словенците пак заиграа на големо ниво и на крајот стигнаа до конечен триумф од 94-70. Зоран Драгиќ со 27 поени беше најефикасен, а повторно одличен меч одигра Дончиќ кој покрај 20 поени запиша и 11 асистенции и осум скока.

 

Се вчитува...