Дончиќ ја предводи листата на резерви за олстар-спектаклот

Големиот ас на Далас маверикс, Лука Дончиќ, како резерва ќе настапи на претстојниот олстар натпревар што ќе се игра на 20 февруари во Кливленд.

За Дончиќ немаше место во изборот на стартерите за овој спектакл, но затоа Словенецот се најде меѓу оние кои шанса ќе чекаат од клупата за резерви. Покрај Дончиќ, меѓу резервите во тимот на западната конференција се и Девин Букер (Феникс), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Руди Гобер (Јута), Донован Мичел (Јута), Крис Пол (Феникс) и Карл – Ентони Таунс (Минесота).

На спротивната страна, за резерви во тимот на источната конференција се избрани Џими Батлер (Мајами), Дариус Гарланд (Кливленд, прв настап на олстар-меч), Џејмс Харден (Бруклин), Зек Лавајн (Чикаго), Крис Мидлтон (Милвоки), Џејсон Тејтум (Бостон) и Фред ван Влит (Торонто, прв настап на олстар-натпревар).

Се вчитува...