Дончиќ како од „друга планета“, Филаделфија, Атланта и Јута обезбедија конференциско полуфинале (ВИДЕО)

Далас е блиску до исфрлање на ЛА Клиперс благодарение на уште една феноменална партија на Лука Дончиќ.

Три екипи осигураа втора рунда во НБА плеј-офот по синоќешните натпревари. Во игра за титулата останаа Филаделфија, Атланта и Јута. Филаделфија славеше против Вашингтон со 129-112 па се пласираше во следната рунда со 4-1 во серијата. Одлични беа Кари и Харис со 30 односно 28 поени.

Со 4-1 во серијата понатаму оди и Атланта која на крилјата на Јанг (36 поени) славеше против Њујорк со 89-103.

Јута со 4-1 го исфрли Мемфис. Во петтиот меч, во триумфот од 126-110 најмногу се истакна Мичел со 30 поени и 10 скока. Богдановиќ мечот го заврши со 17 поени.

Најинтересно беше во „Стејплс центарот“ каде Далас славеше со 100-105 против ЛА Клиперс, најмногу благодарение на феноменалниот Дончиќ. Словенецот мечот го заврши со 42 поени, а имаше уште 14 асистенции и осум скока. На тој начин му помогна на својот тим да дојде до третата победа и да го донесе на чекор до следна рунда.

Кај Клиперс се истакнаа Џорџ со 23 поени и Леонард со 20 поени, што на овој тим не му беше доволно за победа. Можност за пласман понатаму Далас ќе има на свој терен за два дена.

Се вчитува...