Дончиќ: Ќе се вратиме посилни следната година

Епската четвртфинална серија помеѓу Далас и Клиперс заврши со победа на составот од Лос Анџелес во „мајсторката“ со што Лука Дончиќ и неговиот состав повторно останаа без конференциско полуфинале.

Словенецот белескаше на паркетот со 46 постигнати поени, 14 асистенции и 7 скока, но за жал ја немаше поддршката од своите соиграчи. По натпреварот Дончиќ беше разочаран од поразот, но вели дека следната година Маверикс ќе се вратат посилни.

„Два пати се најдовме во плејофот откако дојдов тука, но два пати загубивме. Горд сум на овој тим, очигледно дека не сакам да губам. Плејофот е многу поразличен од регуларниот дел од сезоната. Седмиот натпревар е најтешкиот натпревар. Мораш да дадеш се од себе. Не го постигнавме резултатот кој го посакувавме, но следната година ќе се вратиме посилни“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...