Дончиќ: Кошарката ми значи се…, секое дете во Словенија сонува за Олимписки игри

Словенија за прв пат во својата историја ќе заигра кошарка на Олимписки игри откако Словенците предводени од Лука Дончиќ пред 15 илјади навивачи во Каунас ја замолкнаа Литванија во финалето од квалификацискиот турнир.

Асот на Далас беше вистински лидер на својата репрезентација во текот на целиот турнир, а финалето го закити со трипл-дабл учинок од 31 поен, 13 асистенции и 11 скока со што сосема заслужено ја освои и МВП наградата.

Сепак скромниот Словенец по мечот изјави дека воопшто не му значи оваа престижна награда, а за пласманот на ЛОИ вели дека е сон на секое дете.

„Не ми е галје за МВП наградата. Одиме на Олимписките игри. Секое дете во Словенија сонува да биде дел од Олимпијадата, па така и јас. Заслуживме. Испишуваме историја како тим, не сум само јас. Ја оствариме целата. Продолжуваме понатаму. Остварив некои работи со само 22 година, но гледам само напред и се надевам дека ќе направам многу повеќе. Кошарката ми значи се“, изјави Дончиќ по мечот.

Се вчитува...