Феноменалниот Дончиќ му донесе мајсторка на Далас, крај за Харден и Ембид (ВИДЕО)

Мајами славеше со 90-99 на гостувањето против Филаделфија, па со вкупни 4-2 се пласираше во полуфиналето од плеј-офот каде ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Бостон и Милвоки.

Харден и Ембид беа надвор од ритам низ целата серија, па без нивниот ефект нивниот тим и немаше некакви шанси против Мајами, кој синоќа славеше на крилјата на Батлер кој постигна 32 поени, дополнувајќи и со осум скока.

Во дуелот меѓу Далас и Феникс ќе има мајсторка, откако Далас синоќа на свој паркет славеше со 113-86, израмнувајќи на 3-3 во серијата.

Лука Дончиќ со 33 поени, 11 скока и 8 асистенции е најзаслужниот што Далас и натаму има шанси за полуфинале. Допринос во победата имаше и Балок со 19 поени. На спротивната страна Ејтон заврши со „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 11 скока, додека Девин Букер запиша 19 поени и осум скока.

Се вчитува...