Дончиќ на Далас не му е потребен, се насетува „чистка“ за Јокиќ уште на почетокот од плеј-офот (ВИДЕО)

Голден стејт синоќа ја славеа и третата победа над Денвер победувајќи со 118-113 и на тој начин нанесувајќи им го на Нагетс седмиот едноподруго пораз во доигрувањето.

За МВП-то од минатата сезона, Јокиќ, се чини се подготвува „чистка“ уште на стартот од плеј-офот.

Српскиот репрезентативец очигледно не може се сам. Постигна 37 поени, со 18 скока, и повторно не беше доволно против шутерски распороложените Кари и Пул кои постигнаа по 27 поени, како и Томпсон со 26 поени.

Далас ја запиша и втората победа, овој пат на гостувањето против Јута со 118-126, и сега има предност од 2-1 во серијата, и тоа без првата ѕвезда Лука Дончиќ. Во недостаток на Дончиќ главниот збор во победата го имаше Брансон со 31 поен.

Донован Мичел имаше ефект од 32 поени кај Јута, а Бојан Богдановиќ – 24 поени.

Мемфис, по два доживеани порази на домашен терен, успеа да слави со 95-104 и тоа во Минесота. Бејн со 26 поени беше најефикасен кај гостите, додека Брендон Кларк запиша 20 поени. Расел беше најдобар кај Минесота со 22 поени.

Се вчитува...