Дончиќ не дозволи „метла“ против Вориорс (ВИДЕО)

Далас Маверикс успеа да остане во финалето на западната конференција во НБА лигата и да намали на (3-1), откако синоќа славеше во натпреварот број четири против Голден Стејт Вориорс на домашен терен со 119-109.

Лука Дончиќ повторно беше најдобар поединец во својот табор откако му недостигаше само една асистенција за трипл-дабл. Словенецот натпреварот го заврши со 30 поени, 14 скока и 9 асистенции. Кај поразените Стеф Кари заврши со 20 поени.

 

Се вчитува...