Дончиќ: Не ме интересираат рекорди, сакам прстен

Лука Дончиќ малата пауза од клупските и репрезентативните обврски ја искористи да биде специјален гостин на „Quai 54 streetball“ шоуто во Париз каде учество земаа голем број на кошаркари од разни делови на планетата.

Словенскиот ас беше во центарот на вниманието, а доби и интересно прашање за што му е помило – МВП признание или титула?

„Тоа е цел на секој играч кој доаѓа во НБА. Не може секој да каже дека е МВП на НБА лигата, но јас не би го менувал ова признание за прстен. Мене не ме интересираат рекорди, не сум опседнат со нив. Тоа што јас го барам е да победам“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...