Дончиќ не можеше сам против Феникс, Филаделфија немоќна без Ембид

Кошаркарите на Феникс успешно ја почнаа полуфиналната серија со Далас, со оглед дека на свој паркет победија со 121-114. Санси прашањето околу победникот го решија во првиот дел. На крајот на првиот период имаа +10, а на одмор заминаа со +13. Во вториот дел дополнително ја зголемуваа разликата, но во завршницата имаше драматични моменти. Гостите направија серија и ја намалија разликата, но немаше време за пресврт.

Маверикс и покрај расположениот Дончиќ, не можеа да парираат. Словенецот во првиот дел постигна 26 поени, но до крај немаше соодветна поддршка од соиграчите, а мечот го заврши со 45 поени. Кај „сонцата“ најефикасен беше Деандре Ејтон со 25 поени.

Во вториот натпревар, Мајами го искористи неиграњето на Џоел Ембид, и поведе со 1-0 против Филаделфија на истокот со резултат 106-92. И покрај одличната игра на Харис од Филаделфија кој постигна 27 поени, сепак, немаше поддршка од останатите соиграчи. Кај победничкиот тим Херо беше најефикасен со 25 поени, Адебајо постигна еден помалку. Клучната разлика Мајами ја направи во третиот период, кој го доби со 30-21, и потоа со добра одбрана во последниот период успеа да ја одбрани предноста.

Се вчитува...