Дончиќ пак се повреди, во салата завладеа молк (видео)

Лука Дончиќ неодамна се врати од повреда поради која пропушти неколку натпревари, а најголемата ѕвезда на Далас синоќа повторно настрада, овојпат на дуелот со Њу Орлеанс.

Дончиќ тргна на влез во противничкиот рекет, по што незгодно се приземји, жалејќи се на повреда и упатувајќи се кон соблекувалната, по што воопшто не се врати на терен. Во салата веднаш завладеа молк, сосема очекувано со оглед на фактот дека на навивачите им е јасно колку е значаен Словенецот за резултатите на нивниот тим.

Далас по мечот објави дека Дончиќ заработил повреда на петата, а дополнителните детални прегледи ќе утврдат колку време ќе мора овој кошаркар да мине надвор од терените.

Се вчитува...