Дончиќ попусто повторно правеше чуда, „банана“ на Јокиќ за триумф на Денвер

Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар, но Далас не успеа да го искористи беспрекорното издание на својата суперѕвезда и загуби на домашен терен од ЛА Клиперс со 97-99. Дончиќ постигна 18 поени во низа во последната четвртина, дуелот го заврши со фантастични 45 поени, 15 скока и 8 асистенции, но и тоа беше недоволно за Далас да стигне до победата, Џексон со 24 поени и осум асистенции беше најдобар поединец во таборот на победничката екипа.

Никола Јокиќ е најзаслужниот што Денвер успеа да слави со минимални 109-110 на гостувањето против Торонто. Српскиот центар имаше 28 поени и 15 скокови, како и две блокади, меѓу нив и онаа во последните секунди, кога Јокиќ го спречи Сиакам да поентира во рекетот и го осигура триумфот на својот тим.

Неизвесно беше и на дуелот меѓу Голден Стејт и ЛА Лејкерс, на кој „воините“ славеа со  117-115. Клеј Томпсон покажа дека се враќа во топ-форма постигнувајќи 33 поени, Стеф Кари реализираше 24 поени, додека прв стрелец на лејкерси беше Леброн Џејмс со 26 поени.

Резултати НБА:

Портланд – Њујорк 112-103, Шарлот – Мемфис 118-125, Њу Орлеанс – Сан Антонио 114-124, Вашингтон – Сакраменто 110-123, Филаделфија – Кливленд 103-93, Торонто – Денвер 109-110, Чикаго – Оклахома 106-101, Мајами – Бруклин 115-111, Далас – ЛА Клиперс 97-99, Голден Стејт – ЛА Лејкерс 117-115, Феникс – Орландо 132-105.

Се вчитува...