Дончиќ повторно ги „уништи“ Клиперс, Лејкерс конечно заиграа шампионски (ВИДЕО)

Далас Маверикс зголеми на 2-0 во четвртфиналната серија од плеј-офот во Западната конференција, откако и втор пат славеа на гостински терен кај ЛА Клиперс овојпат со 121-127. Лука Дончиќ повторно беше најдобар поединец со 39 поени, надополнети со по седум скока и асистенции. Кај порезените недоволни беа 41 поен на Кавај Ленард.

ЛА Лејкерс израмнија на 1-1 против Феникс Санс, откако на вториот меч во Аризона триумфираа со 102-109. Ентони Дејвис 34 поени, 10 скока и 7 асистенции беше најдобар кај победникот, додека кај поразените Девин Букер заврши со 31 поен.

 

Бруклин Нетс без проблеми славеа и во вториот меч против Бостон Селтикс овој пат со 130-108.

Се вчитува...