Дончиќ повторно го „реши“ шампионот, Јокиќ се поблиску до МВП титулата (ВИДЕО)

Далас Маверикс во три дена и втор пат славеше над актуелниот шампион, Лос Анџелес Лејкерс овојпат со 108-93. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 18 поени, надополнети со 13 аситенции и осум скока. Најефикасен кај Мавс беше Двајт Пауел со 25 поени. Кај Лејкерс Бен Меклемор заврши со 20 поени.

Никола Јокиќ продолжува да го потврдува кандидатскиот статус за прв фаворит за МВП наградата откако во победата на неговиот Денвер над Хјустон од заврши со 24 поени, надополнети со 12 асистенции и осум скока. Одлична вечер имаше и Мајкл Портер Џуниор кој заврши со 39 поени. Кај поразените се истакна Д.Џ. Вилсон со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Њујорк – Торонто 120-103, Милвоки – Филаделфија 132-94, Индијана – Детроит 115-109, Њу Орлеанс – Сан Антонио 108-110, Мајами – Чикаго 106-101 и Јута- Минесота 96-101.

Се вчитува...