Дончиќ повторно неверојатен, но залудно…, Татум брилјира (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден феноменален меч во НБА плеј-офот, но тоа на неговиот Далас не му донесе победа. ЛА Клиперс на гости славеа против Далас со 108-118, па го намалија заостанувањето во серијата на 2-1.

Клиперс до триумфот ги водеа двете најголеми ѕвезди Каваи Леонард и Пол Џорџ со по 36 и 29 поени. Дончиќ беше одличен со 44 поени, а дополни и со по 9 скока и асистенции.

Џејсон Татум продолжува да брилјира. Беше клучен човек во победата на Бостон над Бруклин од 129-119 за намалување во серијата на 2-1. Татум мечот го заврши со извонредни 50 поени.

Атланта беше сигурна на домашен паркет против Њујорк. Мечот заврши со триумф од 105-94. Јанг со 21 поен и 14 асистенции беше најдобар во трумфот за 2-1 во серијата.

Се вчитува...