Дончиќ пред Литванија: Злато со Словенија, повеќе отколку НБА прстен

Словенија се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри кој се игра во Каунас, Литванија, а за место помеѓу репрезентациите кои ќе се борат на Игрите ќе се сретне токму со домаќинот на турнирот од 18 часот и 30 минути.

Најдобриот играч на Словенија на овие квалификации, Лука Дончиќ дополнително ја израдува својата нација, кога при прашање што му е подраго, злато на Олимпијадата или НБА прстен, асот на Далас го одбра ова првото.

„Би рекол златен медал со Словенија. Кога играте за својата држава тоа е нешто посебно. Но, не би ми сметало да ги освојам и едното и другото“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...