Дончиќ си поигруваше со Портланд, Лејкерс конечно победија (ВИДЕО)

Далас Маверикс славеше со убедливи 128-78 на домашен терен против Портланд Трејлблејзерс. Лука Дончиќ одигра неверојатен натпревар во кој буквално си поигруваше со противникот.

Натпреварот го заврши со 39 поени, надополнети со 11 скока и седум асистенции. Тој постигна 25 поени во третиот период, по што доби техничка поради која го заврши мечот. За младиот Словенец ова е 16 техничка сезонава што значи дека ќе мора да го пропушти последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната. Кај поразените Дру Јубенкс со 18 поени беше прво име.

Лос Анџелес Лејкерс откако ги загуби сите шанси за плеј-оф и без големата тројка конечно успеа да победи, откако триумфираше на домашен терен против Оклахома Сити Тандер со 120-101. Стенли Џонсон со 21 поен беше најефикасен кај Лејкерс, додека кај поразените Џејлен Хорд заврши со 27 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Милвоки 101-131, Вашингтон – Њујорк Никс 92-114, Бруклин – Кливленд 118-107, Торонто – Хјустон 117-115, Мајами – Атланта 113-109, Чикаго – Шарлот 117-133 и Јута – Феникс 105-111.

Се вчитува...