Дончиќ сјаен против шампионот, Јанис го предводеше Милвоки против Филаделфија (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Далас ја запишаа втората победа во низа откако славеа на домашен терен против актуелниот шампион, Лос Анџелес Лејкерс со 115-110. Словенецот повторно одигра одличен натпревар и беше на чекор до трипл-дабл учинок со 30 поени, 9 скока и 8 асистенции. Него го следеше Криштапс Порзингис со 19 поени и 6 скока, додека прво име кај Лејкерс со 29 поени беше Колдвел-Поуп, додека 25 поени додаде Денис Шродер.

Дербито на „Истокот“ му припадна на составот на Милвоки кој со триумфот од 124-117 им се врати на победите, и го нанесе третиот пораз во низа на тимот од Филаделфија. Јанис Адетокумпо со дабл-дабл учинок од 27 поени и 16 скока беше првото име кај Бакс, додека на спротивната страна Џоел Ембид додаде 24 поени и 3 скока.

Бостон на крилјата на Кајл Вокер славеше на домашен терен против Феникс со 99-86. Бекот на Селтикс натпреварот го заврши со 32 поени и 4 асистенции, додека во тимот од Аризона се издвои Крис Пол со 22 поени, 8 скока и 8 асистенции.

Во останатите натпревари Њу Ореалнс славеше на гостински терен против Орландо со 100-135, Сан Антонио беше поуспешен од Детроит со 106-91, додека Чикаго го доби дуелот против Шарлот со 108-91.

Се вчитува...