Дончиќ: Земја со два милиони луѓе, а веќе сме во полуфинале на ОИ!

Најдобриот поединец на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, игра фантастично на олимпискиот турнир во Токио, а тој е и најзаслужен за големиот успех на неговата репрезентација – пласман во полуфиналето.

Словенците убедливо ја совладаа Германија во вторникот рано наутро, според средноевропско време, а сега го чекаат подобриот од дуелот дуелот меѓу Франција и Италија.

Дончиќ постигна 20 (8/18 од играта). Кошаркарот на Далас Маверикс имаше уште 8 скока и 11 асистенции, со 5 загубени топки.

„Меѓу четирите најдобри репрезентации во светот, земја со два милиони луѓе. Какво чувство“, напиша Лука Дончиќ на социјалните мрежи со слика.

 

 

 

Се вчитува...