„Донесов деца во Скопје кои го гледале Вардар само на ТВ, не знаеја каде е лево каде е десно“

Вардар убедливо со 38-25 триумфираше против Војводина во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата со што веќе со сигурност е на пат кон Ф4 турнирот во натпреварувањето кое се помалку е предизвик и за екипите од регионот.

Тимот од Нови Сад во Скопје допатува со младински тим затоа што, како што истакна тренерот Драган Кукиќ, приоритет им е домашното првенство и полуфиналето на Европскиот куп, а на СЕХА лигата.

„Дојдовме во Скопје со момци родени во 2006, 2007, 2004… Се се тоа младинци кои големиот Вардар го гледале само на телевизија. И оваа убава арена ја виделе само на ТВ, а сега ете се најдоа тука и добар дел од нив беа навистина збунети. Видоа како се сака клубот, и доаѓа публика и против ваков противник како што сме ние и му даваат поддршка на својот Вардар. Младите од нашиот тим едноставно во тој момент не знаеа каде се наоѓаат, жаргонски кажано, не знаеја каде е лево, каде е десно. Но не можам да им забележам бидејќи ова за нив е нешто ново. Ние свесно дојдовме подмладени затоа што приоритет ни се првенството и полуфиналето на Европскиот куп, а немаме толку сили за три фронта“ – изјави Кукиќ по натпреварот.

Се вчитува...